Драма во Ресен: Kрадец ја држел газдарицата за раце и уста, двајца и ја пребарувале куќата
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените на возраст од 26, 21 и 19 години, на 27.06.2018 година во селото Рибарци, претходно договорени и маскирани со црни чорапи на главите, отишле пред куќата на една оштетена. Со нож ја пресекле заштитната мрежа за инсекти на прозорецот од гостинската соба на куќата, го отвориле прозорецот и влегле внатре.
Притоа ја фатиле оштетената за рацете и за устата за да не вика и со употреба на опасно оружје – нож во должина од околу 30 см и се заканиле дека непосредно ќе нападнат врз нејзиниот живот и тело. Додека едниот од осомничените ја држел оштетената, другите двајца пребарувале низ собите и одзеле женска кожна чанта во која имало банкноти од различни валути и други вредни предмети, во вкупна вредност од 67.000 денари.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за двајца од осомничените, додека за третиот предложи мерка куќен притвор.
Ново на Сител
-
Палејќи оган да се затопли ја запалила куќата, 82 годишна жена загина во пожар во Косевица
-
Авиолинија од Скопје до Париз со „Изиџет“ следната година
-
Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо...Но тој освои три, а јас шест титули во Премиер лигата
-
Леао: Фудбалерите на Милан на натпреварот против Сасуоло покажаа што сакаат оваа сезона
-
Надзор во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-
Австријци се венчале и развеле 12 пати, заради искористување на Пензискиот фонд
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров
-
Претрес во Кочани, пронајдена дрога