Драма во Охрид: Потона педалинка на која се возеле 5 девојчиња, полицијата со детали од истрагата
Три дена по настанот во Охридско Езеро, кога во непосредна близина на плажата Немо потона педалинка, на која биле пет девојчиња од Скопје, кои успеале да скокнат во водата и да се спасат, полицијата по спроведената анкета утврдила дека нема пловидбена несреќа и дека педалинката потонала поради недржење на баланс во водата
Како што објави ВЕЧЕР инцидентот се случи во неделата попладнето кога петте девојчиња од Скопје изнајмиле педалинка за да се прошетаат по езерото, а од изнајмувачот добиле само еден елек за спасување
Како што раскажа таткото на едно од девојчињата, кога тие почнале да се оддалечуваат од брегот, забележале како внатрешноста на педалинката почнала да се полни со вода. Веднаш се вратиле назад и побарале замена, но добиле уверување дека тоа е нормално за да се одржува рамнотежата на педалинката во вода.
Кога биле на оддалеченост на околу 400 метри од плажата, педалинката почнала наеднаш да се полни со вода и да тоне под вода. Преплашени, скокнале од неа и испаничено почнале да бараат помош. Во тој момент пристигнале неколку момчиња, кои биле во непосредна близина на местото каде што се одвивала драмата, како и татко и син, кои успеале да ги качат девојчињата на нивните педалинки, по што сите се упатиле кон брегот.
Извор: ВЕЧЕР
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс