-->
-->
Драма во Куманово: Приведено лице се самоповредувало во полициската станица
-->

Ноќеска во 02,50 часот во полициската станица Куманово, додека полициски службеник вршел службени задачи, односно вршел преглед на приведените лица Д.З.(31) и М.З.(39) двајцата од Куманово, и им издал наредба да извадат од џебовите се што имаат, Д.З. го омаловажувал и навредувал полицискиот службеник.
Во текот на ноќта, Д.З. агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници и поради обид за самоповредување, иако едната рака со лисици му била врзана за масата, неколку пати со главата удрил во масата.
Полициски службеник се обидел да го спречи да се самоповреди, при што Д.З. физички го нападнал, на начин што со левата рака го удрил во пределот на градите и притоа го фатил за службената униформа и почнал да го тегне.
Со употреба на сила, Д.З. е доведен во послушна состојба и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години