Македонија
15. October 2017 - 12:19

Драма на бензинска пумпа во Радовиш

Во Полициска станица Радовиш, вчера во 22:50 часот Ѓ.К. (47) од Радовиш пријавил дека околу 22.10 часот на бензинската пумпа „Лукоил“ во Радовиш, бил физички нападнат од И.К.(27) од село Раклиш.

Исто така, во 23,00 часот на улица „Ленинова“, Ј.С. (27) од Радовиш бил физички нападнат од И.К. Полициската станица -Радовиш презема мерки за расчистување на случаите.