Македонија
22. September 2025 - 16:37

Децата од четири училишта во Гази Баба се вратија во училници

Ѕвончето повторно заѕвони – учениците денеска се вратија во училишните клупи. Четирите училишта во Гази Баба – „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ – повторно имаат настава со физичко присуство, откако минатата недела учеа онлајн поради загадениот воздух од пожарот во Трубарево.

Околу 1.800 деца денеска следат настава без проблеми. 

Денеска потврда и од образовните власти дека е безбедно да се биде во училница.

Од општината Гази Баба инфомираа дека во ОУ „Крум Тошев“ се инсталирани прочистувачи за воздух во сите училници. Наставниците очекуваат вакви филтри да се инсталираат во сите училишта. 

Освен училишата во Гази Баба, минатата недела и некои родителите од други училишта во Скопје не ги пуштија своите деца на настава, исплашени за здравјето поради загадениот воздух.