ДПМ ќе одбележи 95 години од раѓањето на Блаже Конески
Друштвото на писателите на Македонија денеска со манифестацијата „Средба на генерации“ ќе ја одбележи 95-годишнината од раѓањето на поетот, раскажувач, есеист, филолог, книжевен научник и преведувач, творец и научник и прв претседател на македонската писателска асоцијација Блаже Конески.
Пред љубителите на литературата и почитувачките на делото на Блаже Конески, на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје ќе настапат 20 поети на ДПМ од различни генерации.
Средбата ќе ја отвори деканот на Педагошкиот факултет проф. д-р Емил Сулејмани, а за поетското послание на Блаже Конески ќе зборува претседателот на ДПМ Веле Смилевски.
Во рамки на „Деновите на Блаже Конески“, кои ДПМ традиционално ги одржува по повод годишнината од раѓањето на поетот, на 16 овој месец писатели за деца настапија во Основното училиште „Блаже Конески“ во Скопје.
На веб страницата на Друштвото на писателите на Македонија (www.dpm-pisateli.mk) е објавен избор од творештвото на поетот во кој се поставени и фотографии, како и факсимили на песни напишани со раката на Блаже Конески.
Друштвото на писателите на Македонија минатата година го востанови признанието „Повелба Блаже Конески“. Прв добитник беше поетот и академик Матеја Матевски.
Ново на Сител
-
Oдбележување на Денот на народното востание
-
Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина
-
Се интензивира кампањата за Локалните избори
-
Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка
-
Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната
-
Променливо облачно
-
Алиу донесе решение за разрешување на директорот на Клиниката за неврологија, Кузмановски
-
Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори