ДПИ ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај трговците за „Black Friday“

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по повод најавените продажни поттикнувања „Black Friday“ акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата.
Целта е, посочуваат од ДПИ, да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики, како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти.
-Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски. Секоја неправилност, доведување во заблуда на потрошувачите и измамнички дејствија ќе резултира со соодветни мерки од страна на Државниот пазарен инспекторат во согласност со законите, велат од ДПИ.
Воедно, ги повикуваат граѓаните секоја нерегуларност да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk.
МИА
Ново на Сител
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
-

Пратенички прашања: Судство, ИПАРД фондови, ЕУ интеграција
-

Мицкоски тврди дека Уставен го укинал линеарното покачување на пензиите, судот демантира
-

Апасиев ја свика постојаната Анкетна комисија за пожарот во Кочани
-

Во Македонија нема ниту еден политичар со интегритет, сметаат граѓаните
-

Агелер: 100% сум сигурна дека Владата работи напорно на интеграциите
