-->
-->
Дополнителна субвенција за лозарите, стопроцентно обештетување за јазлеста кожа
-->
Лозарите ќе добијат дополнителни два денара субвенција за килограм предадено грозје во регистрирани винарии.
Одлуката е донесена на вчерашната седница на Владата. За оваа дополнителна субвенција, барањата ќе може да се поднесуваат до 25 декември.
На вчерашната владина седница донесена е и одлука за обештетување на сточарите кои претрпеа штети од угинатите говеда поради болеста јазлеста кожа. Износот за исплата е над 15 милиони денари, а се однесува за околу 240 сточари.
- Исплатата ќе започне веднаш откако Платежната агенција ќе ги подготви решенијата, а обесштетувањето ќе биде стопроцентно од проценетата вредност на угинато животно, истакна денеска портпаролот на Министерството за земјоделство, Соња Јанковска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје