Доплата за ненавремено осигурени возила, предлага Националното биро за осигурување
Воведување доплата за ненавремено осигурени возила предлага Националното биро за осиурување на РМ, со цел да се реши проблемот со големиот број неосигурени, односно нерегистрирани возила.
- Проблемот со неосигурени возила е присутен повеќе од 20 години. Иако во 2011 година со учество на повеќе субјекти е донесена Оперативна програма за намалување на бројот на неосигурани возила за пет проценти секоја година се уште ова прашање не губи од својата актуелност и има потреба од негово разрешување со преземање на бројни системски мерки, наведуваат од Националното биро за осигурување.
Податоците со кои располага Националното биро за осигурување покажуваат дека во 2017 година во однос на 2016 година не се обновени 13,8 проценти од полисите или вкупно 81.176 возила се нерегистрирани.
- На овој број неосигурени возила секако треба да се додаде и бројот на возила што не се наоѓаат во евиденцијата на осигурани возила во Централниот систем, а не се осигурани повеќе години, посочуваат од бирото и додаваат дека целокупната состојба со неосигурани возила има високи негативни ефекти.
Статистичките анализи на националното биро покажуваат дека во просек годишно од страна на Гарантниот фонд се исплаќаат преку 2.000.000 евра за штети предизвикани од неосигурани и непознати возила и се резервираат штети преку 3.500.000 евра. За изминатите 10 години од страна на Гарантниот фонд се исплатени преку 25.000.000 евра.
- Осигурнителната индустрија повеќе години ги опсервира овие проблеми и констатира дека со укинување на законската одредба да секој сопственик на моторно визило кој до истек на важноста на регистрацијата не го регистрира и осигура возилото, не ги враќа регистарските таблички не е обврзан да извади нови регистарски регистарски таблички при повторна регистрација на возилта. на овој начин драстично се зголеми бројот на неосигурени возила со одлагање на времето на осигурување и регистрација, оценуваат од Националното биро.
Според нив проблемот се очекува да се надмине со системски мерки, а посочуваат дека како аргумент дека не се во прашње немањето финансиски средства за регистрирање на возилата се и податоците од анализата што покажуваат дека возила со поголема вредност се нерегистрирани. Нерегистрирани се и земјоделски возила за кои осигурувње на годишно ниво е околу 700 денари.
Бирото иницијатива за измени и дополнување на Тарифата на премии за осигурување на сопственици на моторните возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица од 2006 година, како што наведуваат оттаму, има доставено до Министерството за финанси и Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на Владат на РМ во декември 2017 година.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг