Дониран музички материјал за деца ученици со посебни потреби во Скопје, Битола и Прилеп
Интернационалниот музички фестивал „Тра-ла-ла“ денеска на Лајонс Д132 Македонија им врачи донација од музички материјал кој лајосните ќе го доделат на деца ученици од специјалното училиште за деца со посебни потреби „Димитар Влахов“ во Скопје, паралелката за ученици со посебни потреби во ОУ „Ѓорги Сугарев“-Битола и училиштето со специјални паралелки „Климент Охридски“ во Прилеп.
Хуманитарната акција е во рамките на Светската недела за достоинство на децата што ја организираат лајонсите од цел свет, а годинава е поддржана од интернационалниот музички фестивал за деца „Тра-ла-ла“-Битола, истакна гувернерот на Лајонс Д132 Македонија Звонимир Цветановски на промотивниот настан во Битола.
- Со нашата традиционална акција сакаме да го сочуваме достоинството на децата и да бидеме во првите редови кои помагаат на деца од сите ранливи групи. Со големиот музички материјал кој што денес го добивме од интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“-Битола овозможено ни е да им помогнеме на децата, а сакаме многу, сакаме да им го олесниме животот и да им го направиме да им биде песна, рече Цветановски на средбата со новинарите.
Интернационалниот музички фестивал за деца и младинци „Тра-ла-ла“ се одржува 16 години во Битола и секое фестивалско издание е архивирано во аудио и видео материјал кој освен во Македонија се дистрибуира во Европа и прекуокеанските држави.
- На фестивалот учествувале деца од 35 држави, и како единствена манифестација што собира многу деца кои пејат на својот мајчин јазик е препознатлива во Македонија и југоисточна Европа што ја негува детската култура. Нашиот фестивал постојано презема или прифаќа повици за хуманитарно делување, сме приредиле бесплатни концерти за помош и поддршка на деца, секоја година приредуваме забавни манифестации де болни деца во детското одделение на Клиничка болница-Битола, а овој пат со задоволство воспоставивме соработка и со македонските лајонси, посочи Тони Алексовски, директор на интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“-Битола.
Ново на Сител
-
МВР: Се приведуваат сите поврзани со организацијата на настанот во Кочани
-
ОЈО: Бројот на жртви и повредени во пожарот во Кочани се утврдува
-
Трагедија во Кочани: Се запали дискотека, има жртви
-
Брнабиќ: Екстремисти нападнаа студенти во блокада и студентите во Пионирски парк
-
Маж пронајден починат покрај опожарено товарно возило на автопатот Велес-Скопје
-
29-годишен прилепчанец преку лажен женски профил наведувал деца да разменуваат експлицитни слики и видеа
-
Халанд е најбрзиот кој стигнал до 100 голови во историјата на Премиер лигата
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе