Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки
Одлуката за определување ефективен притвор за осомничениот Асмир Јахоски сопственик на Пуцко петрол премиерот не сака да ја коментира. Мицкоски вели дека на тоа прашање само судиите можат да одговорат. Премиерот вели без разлика дали тој се согласува со нивните одлуки или не, не сака да се меша во нивната работа.
Премиерот повтори дека неколку судии и обвинители биле последниот браник на СДСМ ДУИ.
Вицепремиерот Меџити пак оцени дека променетата одлука е резултат дека ниту судството ниту обвинителството се уште не се ослободени.
Власта да престане да врши притисок врз правосудните органи бидејќи со таквото однесување довербата од 2 отсто може да падне на нула обвини лидерот на СДСМ кој ги коментираше најавите на премиерот дека на судски совет може да им се случат протести. Филипче за случајот со осомничените за набавка на мазут вели дека очекува брза и транспарентна истрага.
-Прво да кажам дека очекувам брза и транспарентна истрага и секој кој што го прекршил законот, треба да одговара. Апсолутно некоректно и непринципиелно да се доведува СДСМ во некаква врска со тие бизниси, со „Пуцко Петрол“ кога видовме дека во изминатиот период огромен број на постапки и тендери кај градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ од страна на нивни министерства ги добивала токму таа компанија. Очекувам брза и транспарентна истрага. Ќе повторам, секој кој што го прекршил законот, мора да понесе одговорност – рече Филипче.
За случајот со перење пари при набавка на мазут од вчера ефективен притвор доби сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски откако кривичен ја преиначи одлуката со која првично му беше определена мерка куќен притвор. Тој е еден осомничени за тендерот за набавка на мазут за тец неготино. Со истрагата се опфатени и Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски сопстеници на РКМ, екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој е во бегство и уште 9 лица кои учествувале во тендерската постапка.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар