Донација од заштитна медицинска опрема од Бугарија
Хуманитарна помош за медицински цели од Бугарија за Македонија денеска беше официјално предадена од бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на вицепремиерот за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.
Вкупната донација се состои од 600 заштитни медицински одела за повеќекратна употреба, 300 пара заштитни очила и 300 визири.
На примопредавањето на донацијата, министерката Шекеринска изрази благодарност и порача дека во период кога и Бугарија се соочува со оваа голема глобална криза, покажува вистинска солидарност на две пријателски, соседни земји, сојузници во НАТО – Алијансата, информираат од Министерството за одбрана.
Вицепремиерот Османи посочи на значењето на меѓусебното помагање во време на глобална криза, како израз на добрососедските односи меѓу двете земји и промоција на европската солидарност на дело.
Тој порача дека заштитната опрема ќе биде употребена за вистинската намена – борба против глобалната пандемија предизвикана од КОВИД – 19 и дека ваквата соработка е во насока на исполнување на заедничката цел за европска иднина на целиот регион.
Донацијата од заштитна медицинска опрема за поддршка во справувањето со Ковид – 19 е наменета за јавното здравство како и за припадниците на Военомедицинскиот центар во Армијата на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична