ДОМ: Нашите пратенички гласаа против рамниот данок
Пратеничките од ДОМ на денешната пленарна седница гласаа против враќањето на рамниот данок, што ќе се применува во следните три години.
„Прогресивниот данок овозможува социјална правда и солидарност, што се едни од основните зелени вредности. За да се обезбеди поквалитетно здравство, образование, социјална помош, ефикасна заштита на животната средина, развој на инфраструктура, неопходни се повеќе финансиски средства во буџетите. Фер е оние кои повеќе заработуваат, повеќе и да одвојат за таа намена. Затоа прогресивниот данок е правичен и влијае на намалувањето на социјалната нееднаквост.
Досегашните искуства од примената на рамниот данок, покажуваат дека тој не придонесе за зголемување на економскиот стандард на мнозинството граѓани, а социјалната нееднаквост евидентно се зголемуваше. Сметаме дека прогресивниот данок нема видливо негативно влијание на профитабилноста на фирмите. Потсетуваме дека во последните две години се донесоа низа мерки за помош на домашните и странските компании.“ – истакна Морачанин во своето обраќање во Собранието.
Дополнително предлагаме и зголемување на данокот на имот со што би обезбедиле повеќе финансиски средства за локалната самоуправа, за комуналиите да не бидат најголемиот извор на финансирање на општините.
Ново на Сител
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур