ДОМ: Кој дозволува Гази Баба да се труе?

ДОМ сега се обраќа до Државниот инспекторат за животна средина и го прашува зошто дозволува Гази Баба да се труе веќе десетина дена со повеќе од 400 ПМ10 честички?
Имено, по нашата јавна прозивка до сите инспекторати за животна средина, градскиот инспекторат излезе на терен и утврди дека најверојатен извор на загадување претставува стопански субјект во рамките на поранешна Железара, кој работи со А-интегрирана дозвола. Информацијата е јавно достапна со илустрација.
Значи, инспекција во тој субјект може и треба да направи единствено Државниот инспекторат за животна средина. По утврдување на евентуален позитивен наод, мора да го спречи загадувањето и да изрече казна. Доколку не го направи тоа во најскоро време, ќе ја сметаме оваа институција за соодговорна за енормното загадување на Гази Баба последниве денови, а јавноста треба да дознае кој и кого го штити, на сметка на јавниот интерес и здравјето на граѓаните!
Ново на Сител
-

Полициските билтени полни
-

Затворени продавници за храна во близина на училишта, АХВ открила низа пропусти
-

Откуп на тутунот
-

Од утре, бесплатен пренатален скрининг за трудници во КБ-Штип
-

Охриѓани во еко акција
-

Тема на денот со Андреј Петров
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
-

Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес
