-->
-->
Доха: На стартот од годината дуел на најдобрите
-->

Новак Ѓоковиќ и Енди Мари ќе играат во финалето на турнирот во Доха. Ѓоковиќ против Фернандо Вердаско спаси пет меч топки и успеа да слави во три сета, додека Мари без проблеми го елиминира Томаш Бердих во полуфиналето.
Ѓоковиќ, покажа карактер во дуелот со Вердаско, го загуби првиот сет иако водеше 4:2, а потоа во тај брејкот на вториот спаси пет меч топки (четири во низа), а во третиот сет мечот го реши со брејкот во петтиот гем.
Српскиот тенисер, кој ја брани титулата во Доха и која носи 250 поени, славеше со 4:6, 7:6, 6:3.
Енди Мари, првиот носител на турнирот против Бердих ја забележа осмата победа во низа. Британецот победи во два сета 6:3, 6:4.
Финалето ќе се одигра в недела од 16 часот, по средноевропско време. Мечот во Доха ќе биде 26-от помеѓу овие двајца тенисери, Ѓоковиќ води со 24:11.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
-

Мостовите во Штип стари повеќе од пет децении пред реконструкција
-

Преглед на вестите од светот
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
