Додик: За патот на БиХ кон ЕУ постои консензус, не и за НАТО
Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик рече дека постои консензус за патот кон Европската унија, но нема потреба да се разговара за патот кон НАТО.
– Мислам дека овде во Европската комисија го сфаќаат тоа, но останува проблемот со партнерите во Сараево кои сакаат со условување да го решат прашањето за функционирање на власта, рече Додик за РТРС по средбата со комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.
Тој додаде дека на состанокот немало важни заклучоци или обврзувачки елементи за БиХ на таа средба.
Според него, хрватскиот и бошњачкиот член на Претседателството, Жељко Комшиќ и Шафик Џаферовиќ, истакнале дека тие се за пат на БиХ и во ЕУ и во НАТО, додека тој истакна дека е за соработка само на европски пат.
Претседателството на БиХ соопшти дека на средбата со Хан е изразена благодарност за континуираната поддршка и посветеност на Европската унија и нејзините институции за европските интеграции на БиХ, како и за напорите во претходниот мандат на ЕК, БиХ да направи значајни резултати на патот кон ЕУ.
Ново на Сител
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници