Македонија
22. November 2025 - 8:15

Доделување на државната награда „22 Ноември“

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, денеска во Кристалната сала на Собранието ќе им ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2025 година на истражувачот, публицист и поет проф. д-р Севдаил Демири и на писателот Ресул Шабани.

Ова признание, како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, се доделува на личности од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државава. 

 

МИА