Доделени наградите на учесниците на поетскиот конкурс на библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
Вработените од Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово денеска во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во градот им ги доделија наградите на учесниците на поетскиот конкурс организиран во пресрет на 23 Април, Светски ден на книгата и авторските права.
Според Ѓултен Ајрулаи, вработена во библиотеката, на конкурсот што бил од слободна тема учествувале учениците од 20 основни училишта од Тетово и тетовско.
- На конкурсот пристигнаа 396 песни на албански јазик и околу 150 песни на македонски јазик што покажува дека има навистина голема заинтересиранот и одѕив од учениците, но и нивните ментори кои постојано соработуваат со нас. Песните во најголем дел се посветени на пролетта, татковината, книгата итн., така што комисијата ќе има навистина тешка работа да ги избере трите третопласирани, двете второпласирани и едната песна што ќе освои прво место за секој од јазиците. Освен тоа решивме со пофалница да ги наградиме сите учесници на овој поетски конкурс рече Ајрулаи.
Таа најави дека за конкурсот за следната година ќе се обидат сите пристигнати творби од учениците да ги испечатат како книга за да остане сведоштво за нивниот талент и нивната љубов кон пишаниот збор.
Ново на Сител
-
Во Косово убиен полициски началник
-
Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД
-
Светски ден за подигање на свеста за аутизмот: Ја осветлуваме убавината на различноста
-
Се очекува Филипче да соопшти повеќе детали за лидерската средба, партиите чекаат детали по што ќе заземат став
-
Јавна седница на ССМ пред законодавниот дом, ќе се бара минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати
-
Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче - Долно Лисиче и првиот мост во Батинци
-
Советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Бела куќа: Трамп е разочаран и од Путин и од Зеленски