Доделени грантови за проектот „Моја идеја, мој бизнис“
Компанијата „Филип Морис ТКП“ и „ЦЕЕД Македонија“ денеска на Економскиот факултет во Прилеп на завршната церемонија на проектот „Моја идеја, мој бизнис“ ги доделија петте грантови за најуспешните млади кои ќе развијат свој бизнис, а се наградени и 7-мина студенти за свои бизнис-планови.
Според Иван Маџовски, регионален директор на „ЦЕЕД Македонија“, целта е да се поттикне претприемништвото и младите да најдат свој бизнис ангажман, тука, во Македонија.
- Со овој проект на младите им дадовме можност да ги развијат своите идеи. Имавме 70 апликации, од кои, 40 ја поминаа програмата, а пет од „Филип Морис ТКП“ добија грантови. Се работеше во 6 работилници. Финалистите аплицираа со готови бизнис-проекти. Во делот за поддршка на студентите, 22-ца студенти аплицираа предлози за бизнис решенија, од кои 7 ќе бидат наградени. Целиот проект има цел да го размрда претприемачкиот систем во овој регион, да ги охрабри младите луѓе да ги развиваат своите идеи, да ги финализираат. Идејата е да се остане овде, во Македонија да се развива бизнисот, вели Маџовски.
За Анита Блажевска, менаџер за корпоративни прашања во „Филип Морис ТКП“, компанијата ги поддржува претприемништвото и самоиницијативноста.
- Целата платформа за општествено одговорна компанија е во овој проект. Како вредности ги поддржуваме претприемништвото, самоиницијативноста и затоа решивме да инвестираме во ваков проект кој ќе ги поттикне овие вредности во пелагонискиот регион. Се надеваме дека овие бизнис-идеи ќе се развијат во успешни бизнис-приказни кои, барем малку, ќе ја подобрат бизнис климата и ќе ја намалат невработеноста вели Блажевска.
По 2000 долари грант за поддршка на својата бизнис идеја, меѓу другите добија Иван Литовски за идејата услуги во видео монтажата и Јасмина Антиќ Атанасовски за Центар за ран детски развој во Битола.
-Во програмата учествував во сите модули каде разменивме искуства со сите учесници за тоа како да се управува бизнис. Имаше многу добри презентации од успешни претприемачи, мотивациски приказни. Имаме потреба од поддршка во нашиот сектор, конкретно во мојот бизнис кој е услуги за видео монтажа. Еве денеска е моментот кога ни се доделува грантот. Ваквата поддршка не мотивира да продолжиме да работиме овде, во Македонија. Грантот е 2000 долари и ќе го искористам за набавување техничка опрема, компјутери и канцелариски материјал. Монтираме свадбени видеа за продукции од Америка, Кипар, од Англија. Се занимавам и со креирање движечки графики, објаснува Литовски.
Антиќ Атанасовски истакна дека грантот од 2000 долари ќе го искористи за набавка на дидактички материјали за децата, а воедно ќе ја прошири и програмата на Центарот, кој функционира 2 месеца и има 19 дечиња.
Ново на Сител
-
Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-
Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-
Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
-
Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари
-
На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути
-
Мицкоски: Нема предвремени избори, време е за голема офанзива на секој план, народот сака подобар стандард
-
ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори
-
Мицкоски: Да излеземе масовно на 2 ноември и да го заокружиме бројот 9 за развој и напредок