Доделени 80 стипендии за студенти со висок просек на Универзитетот во Тетово
Осумдесет стипендии и решенија свечено им беа доделени денеска на студентите со висок просек на оценки на Универзитетот во Тетово за академската 2019/2020 година.
По тој повод, ректорот на Универзитетот во Тетово, Вулнет Амети им честита на студентите кои ги исполниле потребните образовни критериуми и се здобиле со универзитетските стипендии.
– Во оваа пригода им честитам на нашите извонренди студенти кои ги исполниле потребните образовни критериуми и затоа им се доделуваат универзитетски стипендии врз основа на нивната работа, способност и заслуга. Воедно искажувам благодарност за придонесот што го давате и чест на Универзитетот во Тетово. Но, пред сè, посебна почит и благодарност до вашите родители и семејства кои ве поддржале на овој успешен пат, затоа што без нивна поддршка таквото достигнување би било невозможно, истакна ректорот Вулнет Амети.
Стипендирањето ќе биде ослободување од школарината за еден семестар. Така за студентите кои се во државните квоти ќе значи ослободување од 100 евра, додека оние со кофинансирање во висика од 200 евра за еден семестар.
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава