Македонија
29. April 2025 - 14:56

Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец

Полицаец останал без службениот пиштол откако прилепчанец му го одзел додека бил приведуван по што се дал во бегство.

„Вчера во 15.47 часот полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство. Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.