До крајот на неделата треба да бидат готови анализите за можноста да остане летното сметање на времето
– До крајот на неделата би требало да бидат готови анализите што ги прави Министерството за економија за можноста да остане летното сметање на времето со цел поголеми заштеди на електричната енергија.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека во тек се анализите кои треба да покажат дали ќе се премине кон зимското сметање на времето или ќе остане летното сметање.
– Анализите се прават и најверојатно до крајот на неделата ќе бидат подготвени по што одлуката треба да се донесе до крајот на месецот согласно законот, изјави Бектеши одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција на која беше најавен почетокот со работа на соларната електрана со капацитет од 17 мегавати лоцирана во светиниколско Амзабегово.
И премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во моментот не би можел да каже каква одлука ќе се донесе се додека не ги види анализите.
– Ќе видиме дали ќе продолжиме со летното сметање на времето или како досега ќе ја направиме промената. Во моментот, не можам да ви кажам, би сакал да ги видам анализите. Во моментот повеќе има про оставање на летното сметање на времето но, да ги видиме сите детални анализи и потоа ќе донесеме одлука, рече Ковачевски.
Министерството за економија вчера доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуалното продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.
Зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври со што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час поназад.
Ново на Сител
-

Анализа на американското разузнавање: Путин е порешителен од кога било досега
-

Захарова: Европа се движи кон самоуништување
-

При претрес во струмичко пронајдена марихуана
-

Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
-

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар
-

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
-

Касами: Не можеме да застанеме зад Дехари во Кичево само затоа што е Албанец, мојата изјава е извадена од контекст
