ОН: До 2020 година животот во Газа повеќе нема да биде можен
Сите прогнози за развој на ситуацијата во Појасот Газа се влошени, состојбата забрзано станува се полоша, соопштија Обединетите нации.
БДП во Газа е намален, здравствената заштита е се полоша, а потребите за клиниките, лекари и болниците не се задоволени.
Тим на ОН објави извештај за социо-економскиот статус, деценија откако Хамас презеде власт во тоа подрачје.
Според нив во 2020 година нема да е можен животот во Газа. Благодарение на мисијата на ОН за образованиете се уште функционира, но учениците намаат доволен број часови, се предупредува во извештајот.
Драматична е и ситуацијата со водоснабдувањето. Инфраструктурата не се обновува со динамика што задоволува, а најлоша е ситуацијата со испораката на електрична енергија, наведуваат ОН.
- Газа не се развива, напротив трендот е спротивен и тоа многу брзо отколку што мислевме, вели Роберт Пипер, координатор на УНРВА.
Во извештајот се повикуваат Палестинската управа, Хамас, Израел и меѓународната заедница да преземат мерки за да се промени тој тренд.
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина