-->
-->
До 15 август продолжен рокот за субвенционирање на вишокот домати
-->
Владата го пролонгира рокот до 15 август за субвенционирање на доматите кои се вишок, а производителите ќе ги предадат на преработувачките капацитети, изјави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски по посетата на прилепско Мало Коњари за евидентирање на штетите од невремето.
На земјоделците ќе им се исплатат по 6,5 денари за килограм домати предадени на преработувачките капацитети.
- Кон крајот на јули и почетокот на август се појави проблемот со вишокот домати. На владина седница донесовме одлука со која го продолжуваме рокот до 15 август за сите оние кои ќе предадат количества домати во преработувачките капацитети. Повтоно ќе субвенционираме со 6,5 денари за килограм предаден домат преку Платежната агенција со презентирање соодветна документација дека се предадени доматите во некој од преработувачките капацитети, рече заменик-министерот.
На овој начин, додаде, се премостува пазарниот вишок и им се излегува во пресрет на производителите.
- Се надеваме дека до 15 август оваа мерка ќе даде резултат, изјави Костадиновски.
Според него, веќе се откупуваат домати и за краток период овој проблем ќе се надмине.
Ваква мерка имаше во јуни кога се јави вишок на домати не само во земјава, туку и во соседните држави во регионот. Владата интервенираше, а сега го продолжува рокот за субвенционирање до средината на август.
- Во јуни се појави вишок на производство на домати, не само во Македонија, туку и во земјите од регионот кои, реално имаат проблем со пласманот на доматите. Тоа се случува и кај нас. Ние тогаш како одговорна влада донесовме интервентна мерка на владина седница, а се однесува на производителите на домати во струмичко и во цела Македонија, а кои имаат проблем со пласманот на доматите, нагласи Костадиновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Државата ги унапредува капацитетите за справување со кризи, показна вежба на Водно за спасување од жичница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Стефковски: За мене е чест што моето име ќе биде меѓу имињата на анкетите за градоначалник на Скопје
-
Мицкоски за случувањата со Арсовска: Дадов коментар, не би имал што да додадам
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица со право да гласа и дијаспората
-
Јаневска: Имам информации за десетина ученици што препишувале на испитот
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето