Дневен центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица
Вкупно 60 деца со посебни потреби од Македонска Каменица ќе го посетуваат дневниот центар за лица со посебни потреби кој се гради во оваа општина.
Градежните работи треба да завршат во јуни наредната година, а вкупната инвестиција е 10 милиони денари. Со овој капацитет, како што рече денеска градоначалникот Дарко Митевски, ќе се задоволат потребите на оваа категорија лица. Според евиденцијата на Општината, толку лица со посебни потреби живеат во Каменица, а досега само седум од нив го посетувале делчевскиот Дневен центар кој беше меѓуопштински.
- Изградбата на дневниот центар е на барање на родителите. Општината го гради дневниот центар со средства од буџетот на општината. Локацијата е во дворот на детската градинка, а предвидена е изградба на занимални и сите простории потребни според европските стандарди за ваков објект. Очекуваме наредната година, Минситерството за труд и социјална политика да помогне во внтрешното опремување на центарот, во набавката на мебел и другиот потребен инвентар, истакна Митевски.
Ново на Сител
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати