ДКСК: Во 2015 година решени 137 предмети

Во 2015 година Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) оформила 124 предмети по пријава за постоење елементи за корупција од граѓани, правни лица и предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата. ДКСК постапувала по вкупно 273 предмети, од кои решени се 137.
Портпаролот на ДКСК, Антонија Андонова Тасевска денеска информираше за Извештајот на Комисијата за минатата година и притоа посочи дека во два предмети Комисијата одлучила до Јавното обвинителство на Република Македонија да покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на избрани или именувани функционери, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија, јавни установи и други правни лица што располагаат со државен капитал, додека во два предмети ДКСК одлучила да покрене иницијатива за поведување постапка пред надлежен орган за разрешување на одговорно лице.
Во областа на судирот на интереси Комисијата оформила 107 предмети, од кои завршени се 122, во 13 случаи ДКСК констатирала постоење судир на интереси, а лани изрекла 16 јавни опомени на службени лица кои биле во судир на интереси поради кумулација на функции и повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси и не постапиле по нејзините укажувања, односно кои не се откажале од извршувањето на кумулираните функции кои истовремено ги извршувале. Во два случаи Комисијата констатирала дека се работи за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за несовесно работење во службата и поднела иницијативи за разрешување од извршување јавни овластувања и должности до надлежниот орган кои ги именувал/избрал, бидејќи службените лица останале и натаму во состојба на судир на интереси и не постапиле по барањата на Комисијата за надминување на оваа состојба.
Во 2015 година Комисијата примила 437 изјави за интереси, од кои 68 изјави за интереси се од службени лица кои своите овластувања ги извршуваат во сферата на локална самоуправа, 34 од правосудството и 335 изјави од службени лица во органите на државната власт. Кај 39 службени лица Комисијата констатира постапување спротивно на одредбите од Законот за спречување судир на интереси и од нив е побарано да ја отстранат констатираната повреда. Постапувањето е завршено во 13 случаи, а останатите постапки се во тек.
Лани Комисијата ги проверувала изјавите за судир на интереси поднесени од страна на јавните обвинители од сите основни јавни обвинителства во Република Македонија. Проверени биле 116 изјави за интереси, и констатирано е дека изјава за интереси до ДКСК немаат доставено тројца јавни обвинители од Прилеп, Струмица и Охрид и во таа смисла до Судот за прекршоци Комисијата поднела барање за поведување прекршочна постапка.
Лани до Комисијата се доставени 552 анкетни листови по избор или именување на функција, 145 анкетни листови по престанок на функцијата, 17 известувања за промена на функцијата и 14 за повторен избор. Во овој период се добиени 404 пријави за промена на имотната состојба. Против седуммина избрани и именувани функционери до надлежниот суд Комисијата лани поднела барање за поведување прекршочни постапки поради не доставување анкетен лист, односно не пријавување промена на имотната состојба. Во овој период по овие и по претходно поднесените барања судовите донеле 19 одлуки.
До Управата за јавни приходи лани Комисијата доставила вкупно 10 барања за поведување постапка за испитување на имот и имотната состојба на избрани и именувани лица. Според УЈП, завршени се 19 постапки за испитување на имотот и имотната состојба иницирани од Комисијата. Во еден случај е донесено решение со кое лицето се задолжува со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи во износ од 447.999 денари.
ДКСК лани започнала со проверка на податоците од анкетните листови на 43 избрани и именувани лица по случаен избор и тоа три лица од законодавната власт, 11 од извршната, 10 од судската и 19 лица од локалната самоуправа. Комисијата континуирани ги обработува новите анкетни листови и ги ажурира измените на податоците за имотната состојба. На својата веб-страница како што беше наведено денеска има објавено податоци од 4.390 анкетни листови на актуелно избрани или именувани лица.
Лани се донесени измени и дополнувања на Законот за спречување на корупцијата со кој се воведува регистар на избрани и именувани лица.
Ново на Сител
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
-

Возило изгоре после сообраќајка во близина на Кичево, тешко повредено 6-годишно девојче
-

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице
-

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
-

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар
-

Во ноември отстранети 1 500 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје
-

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција
-

Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“
