Дислоциран Центарот за зависници во кругот на Општа болница Куманово
Центарот за зависници во Куманово неодамна е дислоциран од населбата „Гоце Делчев“ во кругот на кумановската Општа болница. Ова денеска го истакна директорот на Општата болница-Куманово, Ариф Латифи.
Центарот е сместен во реновираниот простор на поранешниот центар за дијабетес по претходно донесена одлука на Министерството за здравство. Работното време на Центарот е од 7 до 15 часот, а 120-те пациенти ќе можат да ја примаат метадонската терапија од 8 до 12 часот, информираа од кумановската болница.
- Дислокацијата на Центарот има повеќе бенефити за нашите пациенти, од аспект што Центарот за зависници е составен дел на одделението за психијатрија, така што просторно сега се наоѓаат непосредно еден до друг. Тука ќе имаме поголема грижа за нашите пациенти, изјави Латифи.
Просторот целосно е реконструиран и е прилагоден за потребите на пациенти за кои се грижи стручен тим составен од тројца психијатри, двајца невропсихијатри, социолог, психолог и друг медицински персонал.
- Пациентите се на редовна метаданоска терапија која е препорачлива, бидејќи е под лекарска контрола и надзор, се работи тимски и стручно и им се дава шанса за поквалитетен живот, изјави Андријана Богдановска, психијатар во кумановската болница.
Таа подвлече дека терапијата се прима орално, така што не се контаминира околината со игли и шприцеви.
Подолг временски период жителите на населбата „Гоце Делчев“ бараа дислокација на Центарот за зависници, бидејќи беше лоциран до основно училиште и градинка.
Латифи појасни дека нема потреба од негативна реакција на граѓаните кои живеат до болницата, бидејќи, како што нагласи, установата има обезбедување, има поставено камери. Додаде дека и досега зависниците биле нивни пациенти на други одделенија и со нив немало никакви проблеми.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија