Дискусии за социјалните проблеми и здравствениот систем
Finance Think - Институтот за економско истражување и политики поттикнат од реалните социјални проблеми на висока стапка на сиромаштија, висока невработеност и низок квалитет на здравствени услуги, а притоа сериозни потреби и притисоци за поголеми инвестиции во здравството, направи две истражувања за реформата минимален гарантиран доход и за системот на универзална здравствена опфатност и притоа организира две тркалезни маси.
На првата тркалезна маса „Иновации за сеопфатна социјална заштита: социјална помош, минимална плата, достоинствен приход“ ќе се бараат одговори зошто социјалните трансфери ја ублажуваат сиромаштијата само за 3 процентни поени, дали недостатоците се во ефикасноста на системот или краткорочните решенија, може ли социјалните иновации да бидат одговор, како и кои се првите ефекти од воведувањето на минималната плата.
На тркалезната маса „Здравството меѓу фискалните притисоци за поголеми инвестиции и потребата за подобро здравје на граѓаните” ќе се дискутира за тоа како да се зголеми ефективноста и квалитетот на јавните здравствени услуги, како и дали моменталниот начин на финансирање може да обезбеди одржливост на јавните здравствени услуги.
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ