-->
-->
Директорот на АМС, Каевски на средба со челните луѓе на Ракометната и Кошаркарската федерација
-->
Во просториите на Агенцијата за млади и спорт новиот директорот Дарко Каевски, заедно со раководителот на Секторот за спорт, Томислав Андоновски, се сретнаа со претставници на Ракометната и Кошаркарската федерација на Македонија (РФМ и МКФ).
Ракометната федерација на Македонија е една од најдобро организираните федерации и со најголеми успеси, истакна Каевски на средбата со генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски. Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ја интензивира соработката со РФМ, да се издвојуваат повеќе средства, а приоритет ќе биде поддршката на македонските ракометари за европското првенство во ракомет, во Загреб, Хрватска, 2018-та година.
Со Кошаркарската федерација на Македонија, претставувана од претседателот петар Наумоски и Генералниот секретар Моника Гавриловска, се разменија мислења за тековните состојби во македонската кошарка. Целта на средбата беше утврдување на тековните состојби и координација во работата на националните спортски федерации со Агенцијата за млади и спорт, како и активностите на федерациите во периодов што претстои, особено на меѓународен план.
Исто така, со претставниците од федерациите се разговараше и за младите таленти, кадетските и јуниорските репрезентации. За да имаме идни успеси, потребно е да работиме уште денес со најмладите, да ги следиме нивните вештини и онаму каде што е потребно да помогне Агенцијата за млади и спорт.
Се дискутираше и за предлог – измени во Законот за спорт, со цел системска поддршка на спортот.
Каевски нагласи дека Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржува политиките на федерациите, и од сите ќе бара транспарентност за начинот на кој се трошат буџетските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот