Димовски до Мицкоски: Повикај ги градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да им ги зголемат платите на вработените
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Дарко Димовски попладнево реагираше на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека ги поддржува работниците, но не и синдикалниот лидер за кого рече дека е омилен на власта.
Димовски го повика Мицкоски да ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните комунални претпријатија да им ги зголемат платите на вработените за 2.806 денари.
– Ова не е начин да покажеш дека си поразличен политичар, особено не со декларативни изјави дека поддржуваш декларативно зголемување на платите, а твоите политички поставени директори никаде не ги зголемиле истите и декларативно унапредуваш работнички права, а со предлог измени од твои пратеници во Собранието за недела да биде работен ден преку цела година за работниците во туристичките места ги уназадуваш работничките права. Ваквите напади спрема синдикатите и работниците се ехо на еден режим и се директно спротивни на конвенциите на МОТ, па дали тоа значи директно мешање во работата на синдикатите за што, како што велите Вие, ќе мораме да ги информираме сите меѓународни организации и институции, вели Димовски во писмото упатено до Мицкоски.
Тој го повикува Мицкоски во понеделник на средба во ССМ за, како што вели, нештата да бидат појасни за сите работници.
Ново на Сител
-
53-годишен кавадарчанец бил удрен од возило во неговиот двор
-
На ГП „Табановце“ приведен 21-годишник од Австрија, при гранични проверки најдена е дрога
-
Приведен 30-годишен охриѓанец, управувал возило со 1,62% промили алкохол во крвта
-
Приведен 30-годишник, возел со 125 километри на час на место каде е дозволено 50
-
Собранието почнува со редовни активности по одморот на пратениците
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа