Димитров: Собранието треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот
Собранието треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната дебата „Билатералното на Балканот: Регионалните импликации на билатералните спорови“, организирано во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018.
- Излезноста на референдумот беше близу 37 проценти и иако имаме Изборен законик кој предвидува цензус, сепак 609 илјади граѓани кажаа „да“. Тоа е мнозинството и тие сакаат Македонија да оди напред. Следат разговори во Парламентот. Ни претстои историска одлука. Нашата реалност е дека не може да го заобиколиме спорот за името на патот кон НАТО и ЕУ. Парламентот треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот. Ова е клучот. Ако сакаме напред, треба да го искористиме овој клуч, рече Димитров.
Според него, единствен пат кога повеќе граѓани се изјасниле „за“ на некои избори биле оние во 1994 година кога Киро Глигоров беше избран за претседател на државата.
Димитров меѓу другото истакна дека предвремени парламентарни избори се последна опција.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст