Димитров од Приштина: Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството
Ако воведеме контра мерки, работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да седнеме за да најдеме решение, изјави министерот за надворшени работи Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега Беџет Пацоли во Приштина, осврнувајќи се на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот.
Убеден сум, истакна Димитров, дека ќе ја следиме новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминеме ова прашање.
Според него, во време на поврзување и имплеменитрање на Берлинскиот процес кој токму тоа го налага, треба да се елиминираат бариерите.
- Мислам дека само тоа е патот за заштита и на нашите и на вашите производители. Мислам дека не можете да се заштитите себе си ако го повредите соседот. Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството. Мора да најдеме решение, потенцира шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
