Димитриевски: Да газиш и кинеш знаме на држава која те израснала, образовала и плаќа за тебе е злосторство
Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и сквернавење на државното и македонско знаме додека се славеше Денот на албанското знаме.
- Секогаш како човек сум го сакал своето, а почитувал туѓото! Денеска како човек но, и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници. За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, истакнува Димитриевски во пишана изјава за медиумите.
Искажувајќи јавна осуда за ваквите настани, кумановскиот градоначалник бара од институциите на прогонот да ги открие ваквите поединци и групи и да ги изведе пред лицето на правдата и тие да бидат санкционирани според закон.
- Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите претставници на
меѓународната заедница, потенцира Максимовски.
Според него, по ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса.
- Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, наведува кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ.
Во повеќе градови во земјата во текот на вчерашниот ден се одбележуваше Денот на албанското знаме. На неколку видеа објавени во медиумите се гледа како учесниците на овие прослави го сквернават македонското знаме.
Ново на Сител
-
На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер
-
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
-
Диносаурусите можеби имаат одговор за ракот, според британски научници
-
Зеленски: Путин чувствува неказнивост
-
Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост
-
Трамп побарал Белата куќа да истражи дали сојузниците на Бајден ги прикривале неговите наводни ментални проблеми
-
ДСЗИ: Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци
-
Вонреден инспекциски надзор во Болница-Кавадарци, формирана и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете