Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост

Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија" се одбива, а актот се одобрува.
Од Крвичен, посочуваат дека станува збор за обвинителниот акт КООА 128/35 кој е за директорот Нино Васев и обвинителен предлог за тројца други лекари, што се однесува за несовесно лекување и тешки дела против здравјето на луѓето.
- По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот, информираат од Основен кривичен суд Скопје.
Од Кривичен, појаснуваат дека другиот обвинителен акт што се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор Нино Васев и организацискиот директор на Клиниката се уште е во оцена и за него, ако се оцени позитивно ќе има друг предмет.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска на заедничка прес - конференција на 22 мај годинава информираа дека предметот „Онкологија“ е завршен и поднесени се две обвиненија до Основниот кривичен суд Скопје.
Како што соопшти предметната јавна обвинителка, предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
