Димитриев: Над 1,8 милиони евра нови инвестиции во Македонска Каменица

Нов инвестициски циклус од 1,8 милиони евра за Македонска Каменица најави денеска во овој град претседателот на Владата Емил Димитриев кој присуствуваше на отворање улица во центарот на градот што го поврзува со Каменичка Река.
- Оваа улица која денеска ја пуштаме во употреба е дел од новиот инвестициски циклус во висина од над 1,8 милиони евра, што како Влада и Општина го реализираме во Македонска Каменица за нови капитални и инфраструктурни проекти за подобрување на условите за живот, како во централното градско подрачје, така и во населените места, рече премиерот Димитриев.
Најави изградба на културен дом, дневен центар за деца со посебни потреби, изградба на локалниот пат од село Саса до Мечкарска Маала, патните правци Дулица, Цера, Моштица и Саса, како и поголем број улици во централното градско подрачје.
- Дополнително на ова го започнавме и проектот за обнова на регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица – Делчево во должина од 31 километар, каде инвестираме шест милиони евра. Исклучително значаен патен правец за граѓаните на Македонска Каменица и останатите општини од овој регион кои согласно предвидената динамика очекуваме да биде целосно обновен за 18 месеци, рече Димитриев.
Потсети дека проектите што досега се реализирани во овој град во источниот дел на Македонија се пример за тоа како со заеднички сили и напори на Владата и Градоначалникот може да се решат проблемите на граѓаните, да се подобрат условите за живот и да се инвестира во поуспешна општина.
Димитриев потсети на изградената спортска сала во училиштето „Миле Јаневски Џингар“, изграденото повеќенаменско игралиште, Дневниот центар за стари лица во Саса и тенискиот терен кој е во завршна фаза на градба.
Премиерот Димитриев денеска ќе присуствува на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј од рестартирањето и 50 години од отворањето на рудникот „Саса“ од Македонска Каменица.
На пуштањето во употреба на улицата во центарот на Македонска Каменица се обрати и градоначалникот на овој град Дарко Митевски. Улицата во центарот на Македонска Каменица е комплетно направена со тротоари, осветлување и хортикултурно уредување.
Градоначалникот Митевски рече дека тие како локални функционери одамна започнале со нивната револуција која со поддршка на Владата е инфраструктурна и економска. Потсети на проектите што се реализирани во градот како современ пазар, градска капела, современ градски плоштад, спортски игралишта, целосно нова секундарна водоводна мрежа, километри локални патишта и револуција во патната инфраструктура на општината.
Инаку, на свеченоста присуствуваа и градоначалниците од градовите од источниот плански регион.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
