Македонија
16. July 2020 - 16:16

ДИК ќе одржи прес конференција во 18 часот

ДИК се уште нема првични резултати од десетите парламентарни избори откако падна сајтот на ДИК и предизвика остри рекации во јавноста.

ДИК денес цел ден ги прима материјалите од општинските изборни комисии и рачно ги споредува податоците од записниците доставени од нив и оние од софтверското внесување. 

Околу 18 часот ДИК ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објави конечните резултати од општинските изборни комисии и избирачките одбори, за да може после да течат роковите за приговори.

-Овој пат се задоцнети конечните резултати поради тоа што гласањето беше продолжено за 2 саати повеќе од вообичаеното, така што минатите резултати од претходните избори биле соопштени околу 16 часот, а од овие избори конечните резултати ќе бидат објавени во 18 часот, соопшти Оливер Деркоски, претседател на ДИК.