Плата за живот
Со две минимални плати не може нормално да живее едно четиричлено семејство. Наместо да се говори за загарантирани минимални приходи, треба да се размислува за плата за живот, која на работникот ќе му овозможи да ги подмири основните животни потреби, но и заштеда на средства, сметаат од Гласен текстилец
- Платата за живот, е нешто што треба да дозволи нормална храна, односно да не гледаме што е најевтино и неквалитетно, туку да биде нормално. Зборуваме за храна, сметки, јавен превоз, купување на облека и обувки, меѓутоа да имаме и процент од платата што ќе оди за заштеда. На пример, кога ќе ти се расипе машината за алишта, да не трчаш по кредит во банка, туку да си земеш од заштедата, изјави Кристина Ампева, „Гласен текстилец“- Штип
Растот на платите не ја следи стапката на инфлацијата, што значи дека од месец во месец македонскиот граѓанин е се посиромашен. Анализите покажуваат дека платата за живот треба да биде во ранг на просечната, па и повисока.
- Пред 2 години рачунавме дека 24% е онаа плата која што е минимална, односно, само 24% што ни се потребни со платата за живот. Тоа беше пред 2 години, а сега веривам дека е уште положа состојбата, бидејќи минималната плата не растеше, додека инфлацијата растеше и расте, додаде Ампева
Доколку се декларираме како социјална држава, властите треба да изнајдат механизми преку кои на работниците ќе им се овозможи личен доход за достоинствен живот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар