ДИК : Членовите и вработените имаат право на надоместоци, но ќе расправаат за укинување
Претседателот и членовите на изборните органи и изборната администрација имаат право на надоместок согласно член 19 од Изборниот законик што се утврдува со акт што го донесува ДИК. Ова право е утврдено за вработените во Државна изборна комисија од 2006 година, а за членовите на Државната изборна комисија од 2014 година, е дел од реакцијата на ДИК на денеска изнесениот став на амбасадорот на САД Џес Бејли дека во Комисијата си поделиле бонуси за изборите.
Од ДИК посочуваат дека и покрај тоа право, одлучиле утре на јавна седница да расправаат за предлог-одлука за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори.
- Претседателот и членовите на изборните органи, функцијата ја вршат непристрасно, совесно и одговорно, согласно надлежностите утврдени со Изборниот законик и другите позитивни прописи. Правилникот за утврдување на критериумите за исплата на надоместокот на изборните органи е донесен по распишување на изборите во согласност со определениот буџет одобрен од страна на Собрание на Република Македонија и истиот е објавен на страната на Државната изборна комисија, се вели во реакцијата од Државната изборна комисија.
Во неа се додава и дека Државната изборна комисија од распишување до завршување на изборите е во постојано заседание, континуирано, без оглед на неработни денови и празници и работниот ден најчесто трае повеќе од 20 часа.
- Одлуките за надоместок на изборната администрација се носени врз основа на одговорноста, сложеноста и обемот на работните задачи и врз основа на извештаите за работа на избората администрација. Одлуките за надоместок се донесени согласно Закон и врз основа на позитивните законски прописи, меѓутоа поради повикот на јавноста, се вели во реакцијата на ДИК.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
