-->
-->
Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-->
Четириесет и петгодишна жена од Скопје во полиција пријавила дека нејзината малолетна ќерка била вознемирувана и допирана по телото од 63-годишен маж, кој бил пријател на нејзиниот сопруг.
Според пријавата, станува збор за М.Г.(63), пријател на Б.М.(46), сопруг на пријавителката и очув на малолетната девојка.
Истиот ден, 45-годишната скопјанка во полиција пријавила и дека на 5 септември во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на двата случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
