ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот
Државната изборна комисија (ДИК) апелира до сите изборни органи, вклучени во процесот на организација и спроведување на референдумот, својата работа да ја извршуваат професионално и одговорно, во согласност со законските процедури.
Акредитираните набљудувачи при вршењето на набљудувањето, како што потенцираа од ДИК, се должни да се придржуваат на правилата и процедурите од Кодексот за набљудување на Референдумот 2018 и доследно да ги применат законските прописи кои произлегуваат од Кодексот.
Набљудувачите се должни да ги познаваат и почитуваат одредбите на Изборниот законик, Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните и Кодексот за набљудување на референдумот и да се придржуваат кон одредбите со кои се уредува постапката за спроведување на референдумот, да се непристрасни во извршувањето на своите должности при што не смеат да изразат пристрасност кон изборните органи, да носат на видно место овластување - беџ издаден од ДИК, како и лична исправа и своите заклучоци треба да ги засноваат на документирани и во потврдени факти.
Од ДИК, исто така, потенцираат дека акредитираните набљудувачи при спроведување на процедурата за референдумот не смеат да влијаат на кој било начин во постапката на денот на изјаснувањето на референдумот, како и во постапката при броење на гласовите, не смеат да носат партиски симболи и ознаки, да им даваат упатства на гласачите, изборните органи, овластените претставници и овластените службени лица и да влијаат на работата и одлуките на изборните органи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово