Дијалог за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022
Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска организира дијалог за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година“.
Како што соопшти организаторот, целта на овој дијалог е да придонесе кон подобро спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор преку конкретни препораки за подобра имплементација на предвидените мерки.
Од дијалогот ќе биде подготвен документ со клучни препораки кои понатаму ќе бидат споделени со сите релевантни чинители. Забелешките и препораките од овој дијалог ќе бидат составен дел од полугодишниот извештај од Следење на стратегијата за реформа на правосудниот сектор кој го подготвуваат Институтот за европска политика и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит.
Како што е најавено, предвидени се обраќања на министерка за правда Рената Дескоска,
претседателот на Судски совет Киро Здравев, претседателот на Советот на јавните обвинители Ацо Колевски, претседателот на Здружението на судии Џемали Саити. Ќе се обратат и повеќе универзитетски професори и судии.
Ново на Сител
-
Директорот на ФК „Слога“-Виница тепал фудбалер на противничката екипа пред почеток на натпреварот
-
Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари
-
Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни
-
Во сообраќајка загина 33-годишен мотоциклист од Кичево
-
Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Поевтинуваат горивата
-
Студенти од Турција ограбиле таксист во Скопје
-
24-годишен охриѓанец со стаклен предмет нападнал маж од Скопје