-->
-->
ДИЦ утре ќе ги објави прашањата за екстерно за матурантите
-->
Државниот испитен центар (ДИЦ) утре ќе ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование, на веб-страницата www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk.
- Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85 000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во спедните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно коригирани, соопшти Државниот испитен центар.
ДИЦ ги повикува сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот