Деветто издание на „Славење на Пирејот“
Во Слоештица, Демирхисарско вечер на Голема Богородица, со почеток во 18:30 часот ќе започне манифестацијата „Славење на Пирејот“ - деветто чествување за бардот на македонската литература Петре М. Андреевски.
Манифестацијата во родното место на Андреевски и неговото вечно почивалиште, ќе ја отвори со беседа проф. д-р Елизабета Шелева.
- ...Кај Петре М. Андреевски љубовта кон родната земја и националната културна традиција природно се кондензира, во облик на исконска, искрена емоција, достојна за најголемите и највисоките креативни предизвици. Таа лојалност и љубов спрема татковината не е плод на бесрамна кокетерија, реторичка поза, ниту конформистичко додворување кон моменталните „авторитети“ на власта. Во таа смисла, Петре остануваа неумоливо остар и критичен, како и секој вистински, непоткуплив автор, кој достоинствено држел пред сѐ до својот личен интегритет и чест – знаејќи, дека, како „човек на зборот“ - тоа е сѐ што има, а лесно може да го загуби, доколку би ги изневерил сопствените строги, артистички принципи и личната непоткупливост, пишува Шелева за Андреевки.
Програмата ќе продолжи на уметничкото гумно, каде ќе биде отворена изложба на делата создадени за време на овогодинешната меѓународна уметничка резиденција на Арт Поинт - Гумно 2015, како и на портрет-фотографии на уметниците од Сашо Н. Алушевски.
На гумното ќе бидат промовирани и резултатите од проектот „Поздравете ги птиците од Илинска и Плакенска Планина“ што организаторите го спроведуваат со поддршка од Македонското еколошко друштво и Еуронатур од Германија.
- Посебен „зачин“ на програмата ќе биде оригиналниот сценски перформанс: „Слојчки приказни кажани од Дедо Илија Кочовски“ во изведба на млада актерска тројка (сите со потекло од с. Слоештица) и режија на Андреј Цветановски. Цветановски е воедно и автор на документарниот филм „Животиште‟ (посветен на неговиот татко) што премиерно ќе биде прикажан на сцената - мост Бела Река, најавуваат организаторите.
Годинава, манифестацијата е делумно поддржана од страна на Министерството за култура и градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски.
Ново на Сител
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица
-
Во израелските напади загинаа 17 Палестинци во Газа, соопштија локалните медицински лица
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Руското Министерство за одбрана извести за 42 соборени украински беспилотни летала во текот на ноќта