Детска клиника: Децата со температура од утре да се носат во болницата „Козле“
– Клиниката за детски болести ги известува сите родители и матични лекари кои од утре ќе имаат итна потреба децата со температура да ги донесат во болница, тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“.
Исто така, ако има деца кои живеат во регионот кој сега е ставен под режим за движење (Дебарско), за преглед да се упатуваат кон Институтот, со предходна најава.
Ова е одлука на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се заштитат децата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести.
Институтот Козле има капацитет да ги згрижи децата со температура, суспектни на коронавирус и децата кои доаѓаат дебарскиот регион.
Хоспитализираните пациенти кои сега се во Козле во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има