Детектор: Закажувањето и чекањето за преглед најголем проблем во македонското здравство
Граѓаните генерално се незадоволни од се во јавното здравство покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Ваков став делат 26,2%. На 21,1% најмногу им пречи процесот на закажување и времето за чекање на преглед. 14,9 не се задоволни од лекарите а 8,2% од инфраструктурата. Најмало незадоволство, граѓаните искажале за медицинските сестри.
Во споредба со анкетата која ИПИС ја спроведе за Детектор во 2019 година, граѓаните рефлектираат уште поголемо незадоволство имајќи предвид дека општото незадоволство од јавното здравство пред 4 години било 19,5% а сега е26,2%.
Речи си половина од граѓаните сметаат дека јавното здравство било подобро пред 5 години. 49,7% велат дека квалитетот на јавното здравство споредено со пред 5 години денеска е на пониско ниво. 31,8% сметаат дека нема некакви промени додека 12,4% се на ставот дека денешното здравство е подобро од она што го имавме пред 5 години.
И тука споредбата со анкетата која Детектор ја објави во 2019 покажува дека граѓаните денеска се значително понезадоволни од пред 4 години.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена во периодот од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце