-->
-->
Детектор: Секој петти вработен во Македонија го загубил работното место поради корона вирусот
-->

Еден од пет вработени граѓани останал без своето работно место како последица на корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
12,1% од граѓаните кои биле вработени велат дека го загубиле работното место или пак добиле привремен отказ или суспензија поради кризата со корона вирусот. 33,4% од анкетираните велат дека одат на работа исто како и пред кризата. 10,7% од граѓаните поради корона вирусот работат од дома, додека 2,5% немаат некои промени во статусот бидејќи и претходно работеле од дома. Останатите нешто над 40% се невработени и пензионери. Кога тие ќе се исклучат од истражувањето, анкетата покажува дека 20,6% од анкетираните вработени граѓани останале без работното место, додека 56,9% се уште одат на работа како и претходно. 18,2% од вработените анкетирани граѓани работат од дома, а за 4,3% вработени граѓани нема никакви промени бидејќи тие и пред кризата си работеле од дома.
Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот меѓу 18 и 21 март годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна