Детектор: Граѓаните со став – ЕУ нема да ни ги реши проблемите во судството, здравството и образованието
За мнозинството граѓани, стартот на преговорите со ЕУ не треба да биде пречка за спроведување на реформите, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа 54% од анкетираните сметат дека реформите може да се спроведуваат без разлика дали Македонија ги почнала преговорите со официјален Брисел додека 19,4% од граѓаните се на ставот дека прво мора да почнеме преговори за да може да се спроведуваат неопходните реформи.

Мнозинството граѓани сметаат дека со стартот на преговорите нема да се решат проблемите кои Македонија ги има во однос на здравството, образованието, судството и останатите области. Ваков став делат 53,7% од анкетираните додека 33,1% се на ставот дека со стартот на преговорите овие проблеми ќе се решат.

И за ова прашање Македонците и етничките Албанци имаат сосема различни ставови. Додека 60,3% од Македонците сметаат дека стартот на преговорите со ЕУ нема да ни ги реши проблемите дури 51,7% од етничките Албанци се убедени во спротивното.

По возрасни групи нема некоја голема разлика во ставовите иако како што расте возраста на испитаниците така расте и нивната убеденост дека со стартот на преговорите во ЕУ нема да се решат проблемите кои Македонија ги има во образованието, судството, здравството и.т.н.
Граѓаните во мнозинство влеат дека се добро запознаени за тоа што треба Македонија да направи за да биде дел од ЕУ. 51,9% од анкетираните велат дека знаат, додека само 28,5% велат дека не знаат кои се условите за Македонија да стане членка на ЕУ. И тука, очекувано, колку што е повисок степенот на образование на анкетираните граѓани толку повеќе информации имаат.

Додека 64,1% од граѓаните со високо образование велат дека ги знаат условите за членство во ЕУ, за 32,9% од оние кои немаат ниту основно образование го дале истиот одговор.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.
Ново на Сител
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
-

Филипче: Сите лаги на Мицкоски се разобличени - ЕУ го потврди македонскиот идентитет
-

Поевтинуваат бензините и дизелот
-

Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
-

Пензионерите добија три проценти повисоки пензии
-

Стопанска комора бара да се скратат празнични неработни денови, за да се зголеми продуктивноста на работниците
-

Технологијата ги дава одговорите, но наставникот ги поставува вистинските прашања
