Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
Бугарската министерка за надворени работи, Велислава Петрова во четврток во Софија ќе има билатерална средба со нејзиниот македонски колега тимчо Муцунски на маргинтие на амитот посветен на коридорот 8. Иако во македонското МНР официјална потврда се уште нема, бугарската дипломатија информацијата ја потврдила за локалните медиуми.
„На 8 октомври во Софија ќе се одржи меѓународна министерска конференција за Коридор 8, чиј домаќин е министерката за надворешни работи Велислава Петрова. Во рамки на форумот, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, ќе има можност да се одржи билатерална средба, што е дел од редовниот дијалог меѓу двете страни.“ – јавува бугарската агенција БТА цитирајќи соопштение на бугарското министерство за надворешни работи.
Средбата доаѓа на иницијатива на Муцунски кој официјално барање до Софија испратил уште во петокот, откако премиерот реши да го следи советот на Претседателката на Европската комисија.
Мицкоски вели дека последната средба со фон дер Лајен за земјава е дополнителен мотив да се интензивираат реформите.
Последната средба на ниво на министри за надворешни работи Македонија и Бугарија ја имале во мај годинава, кога Муцунски и Петрова се сретнаа на маргините на нато самитот во Хелсинборг.
Последна во Софија, во јуни беше Претседателката Сиљановска која на маргините на самитот на процесот за соработка на земјите од југоисточна европа се сретна со нејзината колешка Илијана Јотова.
До овој момент не е направен никаков напредок.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
