Детектор анкета: Етничките Албанци имаат поголема доверба во правосудниот систем од Македонците
Две третини од граѓаните не веруваат дека во Македонија може да се добие фер и правично судење а близу три четвртини се на ставот дека законот не важи подеднакво за сите, покажува последната анкета која за #Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје.
Според неа, 65,7% од граѓаните се на ставот дека Во Македонија не може да се добие фер и правично судење додека во спротивното се убедени 19,3%.
Македонците и етнички Албанци комплетно различно гледаат на ова прашање, иако во мнозинство се согласуваат дека фер судење во Македонија не може да се добие. Сепак додека ваков став делат 73,2% од Македонците, „само“ 42% етнички Албанци сметаат дека не можете да добиете фер судење за разлика од 32,7% кои се на ставот дека во Македонија може да ви биде судено во фер постапка. Овој процент кај етничкте Македонци е спуштен на само 14,8%.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година
Ново на Сител
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување
-
Нема да има средба Силјановска - Радев во Хаг, но дали претседателката ќе се сретне со бугарскиот премиер
-
Пропадна обидот за воведување една изборна единица
-
Јанев: Коруптивните дејствија во полицијата и институциите ќе се пријавуваат онлајн
-
Невладиниот сектор нотира: Пратениците носат закони по скратена постапка за да се задоволат апетитите на политичките гарнитури
-
Finance Тhink: Целосно реализирани 18 (13%) од владините ветувања за една година
-
Игуменот Георгиј нов митрополит на МПЦ