Детална прогноза за последните денови од 2017 година - какво време не чека за дочекот на Нова година
Сончево време со локална облачност најавуваат метеоролозите за новогодишната ноќ. Во недела кога ќе ја чекаме новата година, дневните температури ќе се искачат до 10 степени а ноќта ќе се спуштат до минус 4.
Во Скопје до 8 степени преку ден и минус 3 ноќта.
Новата година ќе стартува со сончеви денови. Во понеделник и вторник ќе има многу сонце и температури од минус 2 до 7 степени. Идентичен се очекува да биде и вторникот, а од среда ќе почне период на наоблачување кој ќе трае до крајот на првата недела во 2018.
Што се однесува до врнежите, нив метеоролозите ги најавуваат на средина од оваа недела, но веќе во сабота се очекува разведрување.
Со оглед на тоа што најавените врнежи ќе донесат снег само на планините, не чека сува ноќ за Нова Година, без снег и температури под нула.
Ново на Сител
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички